Haircut Express – брзо шишање за 15 минути

59

haircut-express-1

Како што сугерира и самото име, Haircut Express е фризерски салон за брзо шишање. Концептот доаѓа од Украина, а ширењето надвор од матичната земја започнува на Саемот за франшиза во Варшава, пишува порталот Franchising.hr.

Под името Haircut Express е развиен синџир на фризерски салони кои се разликуваат од сите останати по специфицичната услуга. Концептот нуди само брзо шишање и тоа по единствена цена без оглед на должината на косата. Специфично е тоа што клиентот однапред ја плаќа услугата преку посебен терминал и сметката ја дава пред да седне на фризерското столче.

За фризурата се потребни само 15 минути, бидеќи се користи посебна опрема и специјални техники за суво шишање. Од компанијата велат дека подеднакво водат сметка и за амбиентот во кој се работи, бидејќи салонот мора да биде уреден, а опремата мора соодветно да се одржува и дезинфицира.

Haircut Express доаѓа од Украина, каде има синџир од 44 фризерски салони, од кои 28 се под франшиза.

fr5Како што наведуваат од компанијата, за започнување на салон под франшиза не се потребни многу финансиски средства. Треба да се одвојат нешто помалку од 8.500 евра. Давателот на франшизата нема да наплатува месечна надокнада се додека фризерскиот салон не почне да работи со добивка. Повратот на инвестицијата може да се очекува за шест до 12 месеци. Салонот би требало да биде сместен во простор од 18 до 35 метри квадратни, а се препорачува локација во некој трговски центар, градско шеталиште или фреквентни делови од градот.

“Наши клиенти најчесто се мажи, бидејќи поголемиот дел од нив сакаат брза и евтина услуга. Нив не им е потребно дополнително внимание, бидејќи не очекуваат во фризерскиот салон да добијат кафе или чај. Но, имаме и голем број клиенти кои се жени. Haircut Express е идеален доколку сакате да ја скратите косата или да направите шишки, бидејќи во другите салони за тоа мора да се чека на ред да платите многу повеќе“, вели Лилија Сиделник, менаџерка задолжена за развој на франшизата.

Haircut Express користи патентирана техника за брзо шишање позната како pick up.