Хајан Селмани: Секогаш ценете ги другите, бидете благодарни и давајте…

3560

Хајан Селмани, кој прерано замина од овој свет, беше голем човек, поборник за подобар свет и подобро утро. Човек кој даваше поттик и надеж како говорник на разни теми за претприемништво, технологија, лидерство и мотивација.

Во чест на еден прерано згаснат живот, неколку мудри пораки токму од него.

Животот не се состои од земање и имање, туку од давање и постоење.

Секогаш зборуваме за тоа што сме го постигнале, но многу често забораваме дека во голема мера за тоа бил заслужен и некој друг. 

Јас сум онолку вреден и значаен, колку што правам и можам да направам нешто вредно, позитивно, значајно, добро и корисно за другите луѓе околу мене, за светот.

Никогаш не заборавајте да ги цените другите, да бидете благодарни, да давате и делите, да помагате, да бидете искрени дури и кога не е лесно.

Луѓето честопати не знаат што имаат сè додека не претрпат загуба. Никогаш не ја потценувајте вредноста на тоа што го имате. Ќе се излажете ако мислите дека можете само да одите “нагоре“ во животот. Во моментот кога ќе изгубите нешто вредно почнувате да тонете.

Научете се да одговарате, не да реагирате. Ако реагирате само ќе предизвикате повеќе реакции.  Одговорите од друга страна пак поттикнуваат разбирање, почит и соработка.

Вие ќе бидете најдобрата верзија од себе кога ќе ги мотивирате и останатите да го направат истото.

Хајан беше сопственик на ИТ компанијата HASELT којашто обединува над 60 експерти низ целиот свет со свои главни канцеларии во Скопје, Цирих и Њујорк.

Фото: Facebook