Хакери нападнале млекарница

81

Австриска млекарница била цел на хакерски напад, поради којшто била принудена да го запре производството.

Нападот предизвикал пад на компјутерскиот систем и дигиталното управување со производството.

Хакерите ги промениле сите лозинки, по што и системот за нарачки паднал.

“Успеавме повторно да го вратиме производството, но не и логистиката, поради што не можевме да го испорачаме млекото“, изјави Флоријан Шваб од една од најголемите млекарници во Австрија.

Тој рекол дека експерти се вклучени во отстранување на проблемот и додал дека уште не е јасно кој стои зад нападот.

Иако не се знае кој стои зад нападот, познато е дека хакерот бара одреден паричен износ за враќање на системот.

Фото: Pexels