Хакерите си најдоа нови цели во време на пандемија – гејминг и обложување

43

Со оглед на тоа што пандемијата доведе до голем број рестрикции и карантин во повеќе делови од светот, со зголемување на онлајн гејмингот, се зголеми и бројот на хакерски напади во овој сектор, а пораст има и кај онлајн обложувањето.

Според податоците на Nexusguard, во третиот квартал од оваа година има пораст од 287% на DDoS (denial of service) нападите во однос на истиот период лани. Примарни цели на тие напади беа онлајн гејмери и оние кои се обложуваат преку интернет.

Како што пренесува Zimo.dnevnik.hr, бидејќи гејминг индустријата сама не може да ги запре тие напади, туку потребна е соработка со оние кои ги обезбедуваат интернет услугите, за да се спроведе успешна борба против хакерите. Тоа може да се постигне со технологија, размена на знаење и користење најдобра безбедносна пракса.

DDoS нападите им се омилен избор на гејмерите кои на тој начин не им овозможуваат на други гејмери да остварат неправедна предност и да победат.

Фото: Freepik