Хакерите стануваат поагресивни: Нападите со малициозен софтвер се зголемија за 151%

19

Нападите на малициозен софтвер ширум светот се зголемени за 151 отсто во првата половина на 2021 година во споредба со 2020 година, а хакерите стануваат поагресивни, соопшти канадската разузнавачка агенција, цитирана од Ројтерс.

Повикувајќи се на нападите врз здравствените установи и цевководи во Соединетите држави, Институтот за безбедност на комуникациите (CSE) рече дека обемот и опсегот на извршителите на овие напади претставуваат безбедносен ризик, но и економски ризик за Канада и нејзините сојузници.

„Операторите за напади со малициозен софтвер веројатно ќе станат сè поагресивни во нивното таргетирање, вклучително и против основната инфраструктура“, се вели во извештајот објавен од канадскиот центар за сајбер безбедност, кој е дел од CSE.

Агенцијата соопшти дека знаела за 235 инциденти на малициозен софтвер против канадски жртви во периодот од 1 јануари до 16 ноември оваа година. Повеќе од половина од жртвите се обезбедувачи на важна инфраструктура.

Во 2021 година, просечната цена за закрепнување од таков инцидент се зголеми повеќе од двојно на 1,8 милиони долари.

„Плаќањата за откуп најверојатно ќе достигнат пазарна рамнотежа, при што сајбер-криминалците ќе станат подобри во прилагодувањето на нивните барања кон она што нивните жртви најверојатно ќе го платат“, додава CSE.

Агенцијата ги повтори претходните изјави дека играчите од Русија, Кина и Иран претставуваат голема закана.