Хакерски напад на најголема светска компанија за преработка на месо

34

Хакерски напад на најголемата светска компанија за преработка на месо ЈВЅ парализираше голем дек од производството во Северна Америка и Австралија.

Компанијата ја информираше американската влада за нападот, потврдуваат од Белата куќа.

Бразилската компанија ЈВЅ потврди дека била цел на напад што ги погодил серверите на нејзиниот ИТ систем во Северна Америка и Австралија.

Американската влада рекла дека хакерите побарале откуп, а компанијата ја информирала Белата куќа дека барањето дошло од криминална организација чие седиште е најверојатно во Русија.

Вашингтон веќе ѝ порача на руската влада дека одговорна држава не пружа засолниште на креатори на такви напади.

Пет најголеми погони за преработка на месо во САД морале да престанат со работа поради нападот, а во Канада и Австралија, исто така, е намален обемот на производство.

Холдингот J&F Investimentos, на којшто припаѓа и ЈВЅ, вработува повеќе од 250.000 луѓе и е присутен во 190 земји во светот.

Фото: Pexels