Профилот на ко-основачот и извршниот директор на Twitter накратко беше превземен од група хакери, пишува BBC.
Таканаречените Chuckling Squad признаа дека стојат зад хакирањето на профилот на Џек Дорси.
Додека истиот беше мета на сајбер напад, во период од 15 минути се постираа навредливи расистички коментари.
Од Twitter рекоа дека грешката не е во нивниот систем туку се случил пропуст кај мобилниот оператор, при што бил превземен телефонскиот број на Дорси.
На тој начин хакерите испраќале пораки директно до профилот на социјалната мрежа.
Фото:Pixabay