Хакирана австралиската централна банка

51

Reserve_Bank_AustraliaАвстралиската централна банка потврди дека била мета на сајбер напади и дека не е загубен ниту еден податок, ниту пак е загрозен системот, но нема да ги коментираат пишувањата во медиумите дека нападите доаѓаат од Кина.

The Reserve Bank of Australia (RBA) реагираше на пишувањата на Australian Financial Review дека централната банка успешно е хакирана неколку пати и дека се украдени информации.

“Банката повремено беше цел на сајбер напади. Безбедносниот банкарски систем ги изолира таквите напади и се погрижи вирусите да не се прошират на мрежата или системот. Ниту во еден момент не се загубени никакви податоци, ниту пак системот бил загрозен”, стои во соопштението на RBA.

Во текстот се наведува дека нападите датираат уште од 2011 година, кога на 16 и 17 ноември е пуштен заразен мејл под име Стратешко планирање за 2012 година. Неколку вработени ја отвориле пораката, а антивирус софтверот не ја детектирал опасноста. Пораката содржела апликација која успеала да ги пробие постоечките безбедносни контроли, но не се проширила на системот. Следниот ден серверот е тргнат од мрежата.

Нападите на влади и корпорации веќе станаа рутина, а најчесто како виновник се посочува Кина. Официјален Пекинг во повеќе наврати ги отфрли ваквите обвинувања, велејќи дека и тие се жртви на хакери, најчесто од САД.