
Во овие тешки времиња, ја изразуваме својата солидарност со сите погодени од трагедијата, велат од Халкбанк.
„Со донација од 50.000 евра уплатени кон наменскиот фонд од Црвен крст на Македонија, даваме поддршка за семејствата на загинатите и повредените.
Бескрајно жалиме за трагичната загуба на младите животи во Кочани…
А нашите мисли се и со повредените, на кои им посакуваме целосно опоравување и сила во овие тешки моменти“, се вели во објавата на Халкбанк.
Од банката известуваат дека на ден 20.03.2025 година филијалата во Кочани ќе работи со скратено работно време до 11:00 часот.