Halkbank ја купи Чачанска банка за 10 милиони евра

10

halkbank

Турската државна Halkbank соопшти во петокот дека потпишала договор за купување на 76,76% удел во српската Чачанска банка за 10,1 милиони евра, пишува Хуријет.

Турската банка достави понуда за купување на Чачанска банка во август 2014 година, но во декември истата година излегоа со соопштение дека се повлекуваат од преговорите затоа што не можат да се договорат околу цената. Во јануари 2015 година, Halkbank го обнови интересот за српската банка.

Освен понудената цена, Halkbank планира дополнителни инвестиции за да обезбеди понатамошен раст и развој на Чачанска банка. Покрај докапитализација и ширење на мрежата, планирани се инвестиции во ИТ, кредитни картички, развој на системот за лично банкарство и слично.

Во сопственичката структура на Чачанска банка удели имаат државата Србија (28,49%), Европската банка за обнова и развој (29,9%), Меѓународната финансиска огранизација IFC, огранок на Светска банка (20%) и други малцински акционери.

Чачанска банка има 1,1% пазарен удел и актива од 263 милиони евра.

Halkbank е шеста по капитал банка во Турција, со 862 филијали ширум земјата.