Халкбанк отвори претставништво во Србија

23

halkbankТурската Халкбанк вчера отвори претставништво во Белград. Генералниот директор Сулејман Аслан на свеченото отворање изјави дека Халкбанк, петта по големина во Турција и банка со најголема стапка на раст во Европа од 2008 година, има 850 филијали во матичната земја и капитал од 65 милијарди долари, јавува Танјуг.

“Халкбанк има стратегија за раст на Балканот и веќе има мрежа од 27 филијали во Македонија. Ова е само почеток во Србија, а продолжението ќе биде многу посилно и ќе има големо значење не само за Србија, туку и за Македонија и Турција”, нагласи Аслан.

Според законот за банки, странска банка може да добие дозвола за работа во Србија со уплата на 10 милиони долари или со купување на некоја домашна банка во приватизација во вредност на тој износ.