Halo – летало на иднината од 330 милиони долари

2

a rendering shows halo airborne over monaco 2Andrew Winch Designs дизајнерско студио од Лондон го дизајнираше и тестираше Halo, леталото на иднината кое истовремено ќе биде и дом за богатите, пишува Telegraph.

Фирмата е позната по дизајнот и изработката на некои од најголемите супер јахти, приватни авиони и домови во светот. Од студиото тврдат дека првото летало, чија цена е неверојатни 330 милиони долари, би можело да биде произведено за десет години откако ќе се нарача.

Halo е планирано да има 20 спални соби, работни канцеларии, спа центар, кино, сала за танц, специјално место за јахти, хеликоптери, автомобили и мотори.

Долниот дел на леталото ќе може да се спушта на земја или вода притоа создавајќи вештачки остров. Гостите ќе можат да уживаат во погледот од отворените палуби, додека лета над урбаните места, планинските пејзажи и морските ширини.

Во некои делови ќе има и проѕирни подови, така што патниците ќе гледаат и што има под нив. Halo ќе има опција за вертикално полетување и слетување на вода и копно.

Сега за сега единствен проблем што производителот го има е пронаоѓање на заинтересирани клиенти.
halo features a ballroom, open-air viewing deck and space for your yacht and helicopter.Halo+Monaco