Хамбург без автомобили за 20 години?

69

hamburgГерманскиот град Хамбург планира до 2034 да изгради велосипедска, пешачка инфраструктура и инфраструктура за јавен превоз и со тоа да се изгуби потребата за користење на автомобилите. Во рамките на урбаниот план Green Network, Хамбург планира за 20 години да ги забрани сите автомобили во центарот на градот.

На планот работат околу 30 планери. Со зелени површини и паркови ќе бидат покриени 40% од градот, а рекреативните делови, игралиштата и шеталиштата ќе се поврзат со велосипедски и пешачки патеки, кои ќе им овозможат на луѓето непречено движење, пишува Гардијан.

Сличен проект планира да спроведе и Копенхаген, кој во моментов гради мрежа од 26 таканаречени “велосипедски автопати”, кои од центарот водат кон периферните делови на градот. Проектот е дел од обидот на данскиот главен град да стане јаглерод – неутрален до 2050 година.