Hamwells, е – туш што седум пати ја користи истата вода

120

e tus

Холандската компанија Hamwells создаде рециркуларен туш што ја прочистува користената вода за туширање седум пати.

Овој туш е еколошки ефикасен бидејќи штеди 80% енергија и 90% вода, во споредба со класичните тушеви, коишто за едно туширање во просек се трошат околу 100 литри чиста и загреана вода.

hamwell

Hamwells на корисниците им го нуди потполно истото искуство како обичните тушеви, пумпајќи 15 литри вода во една минута.

Колкава е заштедата на енергија и вода може да се провери преку паметен телефон, бидејќи овој туш има вграден Wi Fi.

zasteda e tus

Овој е – туш, чија цена е 2.950 евра, нуди и можност да го префрлите во режим на потрошувачка на вода од водовод.

hamvel zasteda