Хан: Европската комисија не очекува рестартирање на Северен тек по ремонтот

7

Европската комисија не очекува рестартирање на гасоводот „Северен тек 1“ по 10-дневниот годишен ремонт, кој треба да заврши во четврток, ја објави денеска „Волстрит журнал“ изјавата на европскиот комесар за буџет Јоханес Хан.

„Работиме со претпоставка дека (цевководот) нема да биде обновен“, изјави Хан за новинарите во Сингапур, според овој весник, пренесува Ројтерс.

Изјавата на Хан дојде откако британската агенција во понеделникот објави дека руски Газпром ги информирал клиентите во Европа дека не може да гарантира снабдување со гас поради „вонредни“ околности, што ги зголеми стравувањата во Европа дека Москва нема да го рестартира Северен тек 1 во четврток, пренесува Танјуг .