Harley Davidson сака да го купи ривалот Ducati

48

harley

Фото: Harley Davidson

Американскиот произведувач на мотоцикли Harley Davidson подготвува понуда за преземање на италијанскиот ривал Ducati. Потенцијалното спојување на овие два познати бренда би можело да чини 1,5 милијарди евра, јавува Ројтерс.

За Ducati е заинтересиран и индискиот Bajaj Auto, како и неколку фондови.

Според Ројтерс, Harley Davidson за подготвување на понудата ги ангажирал Goldman Sachs.

Ducati, којшто сега е во сопственост на германскиот произведувач на автомобили Volkswagen, производството го започнува во 1926 година во Болоња.