
Производителот на мотоцикли Harley-Davidson привремено го запре производството во својата фабрика за склопување во САД во Пенсилванија бидејќи се бори со недостиг на делови, се вели во соопштението на локалниот синдикат.
Синдикатот, сепак, соопшти дека компанијата ќе го продолжи производството во својата најголема фабрика за мотоцикли, со 1.000 вработени, на 13 јуни. Харли Дејвидсон не одговори веднаш на барањето за коментар.
Ова е втор пат во последните 12 месеци фабриката да прекине со работа поради проблеми со делови, пренесува „Ројтерс“.
Од компанијата не прецизираа за кои делови станува збор. Производството исто така беше прекинато во мај 2022 година поради проблеми со цревото на сопирачките, објави тогаш компанијата.
Харли Дејвидсон објави подобри од очекуваните резултати за првиот квартал во април, иако продажбата на мало во Северна Америка падна.
Продажбата на мотоцикли и сродни производи се зголеми за 21 отсто на 1,56 милијарди долари во последниот квартал.