Харт и Холмстром добитници на Нобеловата награда за економија

15

nobelovci

Оливер Харт и Бенгт Холмстром се овогодишните добитници на Нобеловата награда за економија, пишува The Guardian.

“Овогодишните лауреати развија теорија за договори, којашто претставува сеопфатна рамка за анализа на различни прашања поврзани со договорите“, соопштуваат од Шведската кралска академија на науките во Стокхолм.

Харт, по потекло од Велика Британија, е професор на Универзитетот Харвард, додека Финецот Холмстром е професор по економија и менаџмент на Институтот за технологија во Масачусетс.

Придонесот на Харт е во неговата способност на препознавање на компаниите што би требало да се спојат, која е најдобрата комбинација за финансирање и кога одредена институција е најдобро да биде во јавна или приватна сопственост. Холмстром, пак, помага при формулирање на договори за менаџментот.

Признанието за економија, чие официјално име е Награда на шведската Riskbank за економски науки во чест на Алфред Нобел, за прв пат почна да се доделува во 1968 година.