Heat map – микробранова печка што знае кога храната е готова

74

heat map

Во ерата на напредни и паметни технологии може да очекуваме уреди што имаат различна цел. Некои да ни го олеснат животот, други да внесат забава…

Heat map е “паметна“ микробранова печка, што на корисникот му сигнализира кога е готов неговиот оброк. Во овој кујнски уред е вградена нова генерација на технологија што користи инфрацрвена камера, која ја следи температурата на храната што се затоплува и алармира во кој момент е готова.

Зад новата микробранова печка стои поранешниот дизајнер на НАСА, Марк Робер. На предната страна на Heat map има поставено LCD екран, кој покажува колку е топло јадењето и во кој момент треба да се извади. Освен состојбата и температурата на храната, на екранот може да се прикажуваат и видео рецепти.

heat map microwave

Сè започнува со сината боја, што ја означува пониската температура, додека црвената е знак за топло, а со бела боја се означува кога храната веќе е готова. Микробрановата печка може да се поврзе со мобилен телефон и на тој начин да се управува со истата иако корисникот не е во нејзина непосредна близина.

Heat map засега е во фаза на прототип, а сите оние кои сакаат да дадат поддршка за реализација на овој проект, потребно е да се регистрираат на страницата Better Microwave.