Heineken Хрватска со проект за производство на еколошки лимон за радлер пивото

27

limon

Компанијата Heineken Хрватска од Карловац, вчера на островот Вис со садење на садници лимон го започна проектот Хрватски лимон за Карловачко лимон натур радлер. Целта е во соработка со домашните произведувачи, еколошкиот лимон да го користи во производството на своето радлер пиво.

Претставници од компанијата велат дека на домашниот пазар можат да набават само 50 тони лимон, додека нивните потреби се многу поголеми и се надеваат дека и останатите овоштари од југот на земјата ќе ја препознаат можноста за пласман на производите, пишува Пословни дневник.

Претседателот на управата на Heineken Хрватска, Бранка Славеска, потсети на успехот на нивниот проект во Славонија, 100% хрватски јачмен, притоа нагласувајќи дека веќе оваа година Карловачко пиво ќе се произведува исклучиво од хрватски јачмен.