Heineken ја напушта Русија – загубата ќе тежи 400 милиони евра

88

Пивскиот гигант Хајнекен денеска објави дека ќе престанат со работа во Русија по проценет трошок од 400 милиони евра (438 милиони долари), откако првично најави дека само ќе ги прекине новите инвестиции и извозот во таа земја.

Така, холандската компанија се приклучи на голем број западни брендови кои ги затвораат погоните во Русија поради нападот врз Украина, додека потегот на Хајнекен веројатно ќе го зголеми притисокот врз данскиот ривал Карлсберг, сопственик на најголемата руска пиварница Балтика, оценува Ројтерс.

„Заклучивме дека  бизнисот во Русија повеќе не е одржлив и остварлив во сегашните околности“, се вели во соопштението на компанијата, додавајќи дека нема да има корист од каков било пренос на сопственоста.