Heineken со 1,63 милијарди долари го заврши првото полугодие

28

Холандскиот производител на пиво, Heineken објави дека во првата половина од оваа година оствари двојно повисока оперативна добивка во износ од 1,63 милијарди евра.

Според соопштението, добивката ги надмина прогнозите на економистите, а кои очекувале 1,22 милијарди евра.

Генералниот директор Долф ван дер Бринк, кој е на чело на Heineken една година, изјави дека компанијата е задоволна од бројните показатели во првото полугодие, но постојат и причини за загриженост, бидејќи се проценува дека деловниот резултат за целата година и понатаму ќе биде на ниво под 2019 година.

Фото: Pexels