Холандскиот производител на пиво Heineken соопшти вчера дека купил мнозински удел во словенечката Пивоварна Лашко за 120 милиони евра, пишува Дело.
Компанијата од акционерите купи 53,43% акции, а во следните три дена планира да ги докупи и останатите акции.
Холандскиот пивар во август забележа скок на профитот од 81% на 1,14 милијарди евра. Heineken има долга традиција на купување силни локални пивски брендови и веќе е присутен во регионот преку Heineken Хрватска (Карловачка пивовара), Пивара Скопје, српската Пивар МБ, австриска Brau Union, Крушовице и Drinks Union во Чешка, полската Zywiec.