Heinz затвора три фабрики

42

from BBS uploadКомпанијата Heinz, најголемиот американски произведувач на кечап и на конзервирана храна, затвора три фабрики и отпушта 1.350 работници за да работи поефикасно.

Од компанијата најавија дека во следните шест до осум месеци ќе ги затворат фабриките во Јужна Каролина, Ајдахо и Канада. Производството ќе го преселат во другите фабрики во САД и Канада.

На почетокот на годинава, Heinz стана сопственост на Berkshire Hathaway Inc. на Ворен Бафет и 3G Capital, сопственикот на Burger King.