Henkel: Футуристички фризерски салони со виртуелна реалност

82

small-teaser-940x730-27-wavy-hairstyles-scandi-waves-step-by-step

Фото: Schwarzkopf

Гигантот за широка потрошувачка Henkel со помош на виртуелна реалност на своите купувачи ќе им овозможи да видат како ќе изгледа нивната боја на коса пред да го направат фризерскиот третман, пишува CNN.

Освен тоа, технологијата овозможува и анализа на здравјето на косата и ги прилагодува шампоните според добиените резултати.

Германската компанија, којашто е сопственик на брендот Schwarzkopf Professional, планира да ја понуди оваа услуга во неколку одбрани фризерски салони во САД и Европа кон крајот на годинава.

Футуристичкото искуство во салоните започнува со персонализиран пристап кон косата на клиентот. Со помош на уред со напредна технологија што користи инфрацрвени и светлосни сензори се одредува здравјето на косата. Таканаречениот SalonLab Analyzer врши длабинска анализа на косата, нивото на влажност и ја одредува нејзината “вистинска“ боја.

Добиените резултатите потоа ги обработува алгоритам креиран од научниците на Henkel. Користејќи виртуелна реалност клиентот ќе може да види како ќе изгледа неговата коса во различни бои пред таа да биде бојадисана.