Хенкел инвестира 7,5 милиони еврa во Србија

23

Компанијата Хенкел планира да вложи 7,5 милиони евра во Србија, а во изминатите десeт години во оваа земја нејзините инвестиции изнесуваат вкупно 130 милиони евра. Претседателот на Хенкел за централна и источна Европа истакна дека е задоволен од резултатите што ги остварува компанијата во Србија. Во наредните месеци компанијата ќе инвестира 7,5 милиони евра на два нови проекти, а ќе отвори 30 нови работни места.

Хенкел во 2002 година ја купи фабриката за детергенти Мерима. Сега производите ги извезува во Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија и Црна Гора. Минатата година Хенкел остварила профит од 2,3 милијарди евра на глобално ниво. Компанијата има 32 производни центри и 9.000 вработени, а фокусот им е ставен на детергентите и козметичките препарати.