Herbalife треба да плати 123 милиони долари поради мито

200

Herbalife, компанија што продава и пласира додатоци за храна, ќе мора да плати казна од 123 милиони долари за давање мито на кинески медиуми и владини службеници со цел да ја промовира продажбата во Кина.

По три години, компанијата постигна договор со обвинителството да признае кршење на Законот за коруптивни практики во странство, со што се спречуваат неколку форми на мито во соработка со странски земји.

Американските власти тврдат дека Herbalife планирал и поткупил кинески официјални лица во периодот од 2007 до 2016 година. Ги поткупувале со пари, разни форми на забава, оброци и патувања.

Главните цели на митото биле да се добијат лиценци за продажба, да се намали владината контрола врз компанијата и да се потиснат негативните вести од државните медиуми.

Кина сочинува 19% од приходите на Herbalife, кои имаа продажба во вредност од 4,49 милијарди долари во 2016 година, што претставува зголемување за 7% од 2006 година.

Фото: Freepik