HG Spot го претстави првиот хрватски 3D принтер

54

2

Компанијата HG Spot вчера го претстави првиот хрватски 3D принтер за домашна употреба, под назив Forcebook UltraPrint 3D.

Во развој на уредот се вложени година ипол. Сите истражувања, развојни фази, тестирања, дизајн и контрола се направени во Хрватска, додека производството на хардверот се одвива во соработка со кинески партнери.

Домашниот 3D принтер ќе може да се користи за печатење на играчки, подароци, накит, часовници, обувки, резервни делови, протези и слично. Forcebook UltraPrint 3D овозможува физичка реализација на секоја можна идеја преку технологија наречена адитивна мануфактура, односно редење слој по слој на топена пластика. Печатењето на поедноставни модели може да трае десетина минути, додека за покомплицирани модели е потребно и до 30 часа.

“Нудиме квалитетен производ под домашен бренд, кој од сличните решенија на странските брендови се разликува по тоа што е седум пати поевтин”, вели Саша Лончар, претседател на Управата на HG Spot, пренесуваат хрватските медиуми.

Малопродажната цена на овој уред е 6.999 куни (920 евра), а килограм пластично полнење чини 38 евра. HG Spot планира до крајот на годината да продаде 200 парчиња од овој уред, а на пазарот ќе биде достапен од 22 мај.

1

3