Хилтон влегува во Македонија

45

hilton2Светски познатиот бренд Хилтон, кој е водечки во секторот сместување, влегува во Македонија со потпишување договор за франшиза за отворање ексклузивен Double Tree By HILTON во Скопје, со Stone Bridge Hotel.

Хотелот е планиран да се гради во населбата Аеродром покрај кејот на Вардар, спроти Универзитетот ФОН и треба да почне со работа на почетокот на 2016 година.

Како што се најавува, новиот хотелски објект ќе содржи 172 луксузни соби, вклучувајќи 20 апартмани, како и 1.400 метри квадратни простор за организирање настани, поделен на два големи салони, и дополнителни три конференциски сали. Хотелот се планира да содржи и бизнис центар, центар за здравје и спа центар.

“Се шириме низ Европа, со стратегија да го зголемиме нашето портфолио на успешни брендови на клучни локации со висококвалитетен развој на хотелите. Double Tree By HILTON Skopje ќе биде одличен додаток на нашето портфолио и почестен сум дека сега сме присутни и во Македонија, овозможувајќи сосема нов вид на сместување во земја, чиј профил на туристичка дестинација рапидно расте, заедно со бројот на пристигнување на посетителите од странство”, изјави Патрик Фицгибон, сениор заменик-претседатрел за развој за Европа и Африка на Хилтон.

Хилтон располага со луксузни хотели со целосна услуга и одморалишта, објекти за продолжени престои, како и хотели со пониски цени, вклучувајќи повеќе од 3.900 хотели и објекти, со 650.000 соби во 90 држави.