Хит во САД – изнајмување на кокошки

97

rent the chicken 12

Сопственик на една американска фарма дојде на идеја да им помогне на своите сограѓани да добијат свежи и природни јајца, така што ќе им изнајмат кокошки.

Фармата, под името Rent the chicken, ја основаше Џен Томпкинс пред две години во Пенсилванија.

Преку Rentthechicken.com сите заинтересирани ги добиваат потребните елементи за привремено одгледување и грижа за изнајмените кокошки. Во тој пакет влегува посебен кокошарник за две или четири кокошки, доволно храна за периодот за кој се изнајмуваат, садови за храна и вода, како и инструкции за грижа за кокошките.

Rent The Chicken 123

Преку интернет страницата може да се закаже термин, на кој фармата треба да го испорача преносниот кокошарник, заедно со кокошките и потребната опрема. Постои можност и да се задржи целата опрема и кокошките, доколку сопственикот смета дека може и сака да се грижи за нив.

Јајцата што ќе се добијат содржат една третина помалку холестерол, една четвртина помалку заситени масти и два пати повеќе омега 3 масни киселини.

Стандардниот пакет чини 400 долари, трае од мај или јуни до ноември и ја содржи стандардната опрема за чување на две кокошки.