Корејскиот производител оваа година ќе го лансира малиот електричен кросовер Casper во Европа.
На овој начин, Hyundai Casper би се приклучил на новиот бран мали и мини електрични возила кои се планирани или веќе почнале да се продаваат во Европа, вклучувајќи модели како Dacia Spring, Renault Twingo, Citroen e-C3.
Возилото ќе му овозможи на Hyundai да се натпреварува со евтините електрични автомобили лансирани во Европа од кинеските производители на автомобили како MG Motors и BYD.
Лице запознаено со плановите на Hyundai изјави за Automotive News Europe дека автомобилот се очекува да биде прикажан во Европа во третиот квартал, а првите испораки ќе започнат до крајот на годината.
Hyundai минатата година објави дека развива градски автомобил од А сегментот со цена под 20.000 евра.
Фото: Hyundai