Шведската компанија H&M е еден од најпознатите брендови за облека во светот. Се започнало од идејата да се создаде малопродажна компанија за облека која ќе биде достапна за жени, мажи, тинејџери и деца.
Нејзинот основач, Ерлинг Персон, во 1946 година отпатувал во САД, каде добил идеја да отвори бутик со модерна облека по ниски цени. Во 1947 година, тој ја отворил својата прва продавница во Шведска под името Hennes, во која се продавало само женска облека. Hennes е шведски збор кој значи “за неа” или “нејзино”.
Во 1968 година, Персон ја откупува Mauritz Widforss, продавница со опрема за лов и риболов, која продава и облека за мажи и деца. Потоа ја преименува продавницата во Hennes & Mauritz, која денес е позната по нејзиното кратко име H&M.
Во 1974 година, H&M за прв пат се појавил на берзата.
На самиот почеток, H&M бил бренд кој се продавал само во Скандинавија, а желбата да се прошири бизнисот станала реалност во 1976 година, кога е отворена и првата продавница во Лондон.
Во 1977 година, H&M се фокусира на тинејџерите и ги отвора првите бутици со облека и козметника за оваа популација.
Во 80-те години на минатиот век, H&M отвора продавници во Германија и Холандија. Во овој период компанијата започнува и со испраќање на облека по пошта до своите корисници.
Во 90-те години, H&M е веќе познат бренд низ цела Европа. Компанијата започнува масовно да се рекламира и да издава каталози со своите производи. Во 1998 година се отвора и првата продавница во Франција.
Во 2000 година H&M ја отвора својата прва продавница надвор од Европа, поточно во САД, во Њујорк, на Петтата авенија. Истата година се отвора и првата продавница во Шпанија.
Во 2004 година, H&M започнува соработка со дизајнерот Карл Лагерфелд, а потоа и со Стела Макартни, авангардните холандски дизајнери Виктор и Ролф, Мадона, Роберто Кавали, Ланвин, Џими Чу и многу други.
Во 2006 година, под франшизата на H&M се отворија и првите продавници на Блискиот Исток.
Во 2007 година, компанијата работеше и со компјутерски инженери за да го создаде модниот материјал за играта Симс 2. Истата година се отворија и првите продавници во Хонг Конг и Шангај, а прво појавување во јавноста има и брендот COS.
Со отворањето на првиот бутик во Јапонија се појавуваат и бредновите Monki, Weekday и Cheap Monday во 2008 година.
До денеска компанијата има свои продавници ширум Европа и светот вклучувајќи ги и Хрватска, Бугарија, Србија, Израел Кувајт, Полска, Русија, Индонезија…
H&M денеска има повеќе од 2.200 продавници низ светот во кои работат преку 104.000 луѓе.
Интересни факти
□ H&M втора година по ред е број еден во светот во користење на памук од органско потекло
□ H&M искористил 7,9 милиони пластични шишиња од рециклиран полиестер минатата година
□ 4% од менаџерите во компанијата се жени
□ 50% од Бордот на членови на компанијата се жени
□ H&M во 2007 година ја намали потрошувачката на електрична енергија за 15% на метар квадратен, а за следните 7 години има за цел да ја намали на 20%
□ Компанијата едуцираше 570.821 лица во Бангладеш за работа во текстилната индустрија, како и за остварување на нивните работнички права
□ H&M како дел од Conscious Foundation во Индија и Бангладеш инвестираше 6,3 милиони долари за подобрување на општеството.
Во листата на заштитните лица на H&M се вбројуваат голем број на познати личности како Дејвид Бекам, топ моделот Жизел, поп дивата Бијонсе, Лана Дел Реј…
Познатиот фудбалер Дејвид Бекам, за H&M сними реклама која го воодушеви женскиот свет
Поп дивата Бијонсе беше заштитно лице за летната колекција
А топ моделот Жизел ги истакна своите вокални способности