Хоби што може да донесе голема заработувачка

256

Србија планира оваа година да произведе околу 12.000 тони мед, а се проценува дека во земјата со пчеларство се занимаваат околу 30.000 домаќинства иако официјално се регистрирани околу 15.000 пчелари, пренесуваат тамошните медиуми.

Податоците од терен покажуваат дека во Србија има од 850.000 до еден милион кошници. Производството на мед во земјата варира од 6.000 до 9.500 тони годишно.

Четиричлено семејство може да се издржува со 200 кошници и две селидби, со напомена сезоната да трае само шест месеци. Може да се очекува принос од најмалку 20 килограми мед по кошница. Од 200 кошници може да се добијат четири тони мед, чија вредност е околу 15.000 евра. Неопходната опрема за пчеларство чини околу 5.000 евра, но трае најмалку 20 години.

Фото: Pixabay