
Холандија бележи пад на бројот на пивари за прв пат по 15 години, објави Заводот за статистика на земјата, наведувајќи дека сега има 740 пиварници, 40 помалку од почетокот на минатата година.
Многу мали пиварници престанаа да работат поради зголемените трошоци, што го прави производството на пиво помалку профитабилно, пренесува Мина.
Во 2010 година во Холандија имало 75 пиварници, речиси десет пати помалку од сега. Растот главно се должи на растот на бројот на мали и микро пиварници.
Од 2010 година е забележан пораст од 380 пиварници со само еден вработен, 160 пиварници со двајца и 75 пиварници со три до пет вработени.
Прометот во овој сектор порасна за само осум проценти помеѓу 2016 и 2022 година и покрај значителното зголемување на бројот на пивари.
Оперативните трошоци за тоа време се зголемија многу повеќе, за 26 проценти.
Намалувањето на бројот на пивари не е изненадување за Холандската асоцијација на пивари.
Според Здружението, Холандија сè уште има повеќе пиварници по глава на жител од традиционалните земји за производство на пиво како Белгија и Германија.











