Холандија и Шведска со олеснети мерки за влез на вакцинираните граѓани на Македонија

83

Со последната одлука на Кралството Холандија, се укинува задолжителниот карантин од десет дена за оние патници кои се целосно вакцинирани, без разлика дали доаѓаат од групата високо ризични земји, каде спаѓа и Република Северна Македонија.

Во исто време и Кралство Шведска ја укина привремената забрана за влез во земјата. Со најновата одлука усвоена од Владата на Кралство Шведска, луѓето кои патуваат во Шведска и коишто можат да презентираат сертификат за вакцинација издаден во Северна Македонија, Сан Марино, Швајцарија, Турција, Украина или Ватикан, се ослободени од забраната за влез и од условите за тестирање. Инаку, според одлуката на Европската комисија, сертификатите за вакцинација издадени во овие земји се еквивалентни на дигиталниот COVID сертификат на ЕУ (што значи дека таквите сертификати можат да се проверат и потврдат на ист начин со користење на истите технички системи како и сертификатот на ЕУ).

Соодветно на високата стапка на вакцинација, слични олеснителни мерки ко би се примениле наскоро најави и Белгија, и тоа почнувајќи од први октомври.  Покрај проширувањет на употребата на КОВИД сертификатот, од Белгија најавија и намалување или целосно укинување на обврската за носење заштитни маски.

На следниот линк, подетални информации за протоколите на патување во сите држави во светот: https://mfa.gov.mk/mk/page/1706/informacii-za-covid19