Фото: Pixabay
Со 17 милиони жители и 23 милиони велосипеди, Холандија е земја во којашто има повеќе велосипеди одошто луѓе. Сега властите во оваа земја преземаат мерки да се зголеми нивниот број, плаќајќи им за да возат уште повеќе велосипеди, пишува CNN.
Холандската влада ќе инвестира 345 милиони евра во инфраструктура за возење велосипеди, со цел бројот на возачи да се зголеми за 200.000 во следните три години.
Во рамки на таа програма, се очекува отворање на 15 “автопати“ за велосипеди, 25.000 нови места за паркирање на велосипеди и над 60 објекти за нивно чување.
“Мојата амбиција е да бидеме сигурни дека луѓето лесно може да дојдат на работа или во училиште или пак да ги посетат своите роднини или пријатели“, вели Стиентје ван Велдховен од тамошното министерство за инфраструктура и водостопанство.
Во овој момент, Холандија ги наградува велосипедистите со 0,19 евра за извозен километар.