Холандија повторно препорачува работа од дома

21

Холандија повторно ќе воведе препораки за работа од дома поради наглото зголемување на бројот на заразени од коронавирус, а тоа се случува само неколку недели по нивното укинување, изјави холандскиот премиер, Марк Руте.

Минатиот петок Холандија повторно воведе ограничување за баровите, рестораните и ноќните клубови со цел да го запре наглото ширење на заразата кај младите, две недели откако беа укинати поголемиот дел од рестриктивните мерки бидејќи бројот на заразени беше во пад, пренесува Ројтерс.

Препораката за работа од дома не е задолжителна и се однесува само на оние кои можат да воведат таков начин на работа.

Фото: Pixabay