Холандија: Пуштен во употреба првиот 3D испечатен мост

57

kuppens_fotografie_7061-621-15065096342071561551-1

Фото: BAM Infra

Градот Гемерт, што се наоѓа во југоисточниот дел на Холандија, го доби првиот бетонски мост испечатен со 3D техника, пишува The Guardian. Мостот е наменет првенствено за велосипедисти, а може да поднесе тежина до два тона.

Се состои од 800 слоеви армиран пренапрегнат бетон, а потребни беа три месеци за да се изработи. Мостот е дело на градежната компанија BAM Infra и инженери од техничкиот Универзитет во Ајндховен.

Една од предностите на ваквата изработка е тоа што потребно е многу помалку бетон отколку ако станува збор за стандардна постапка со исполнување на калап. Печатачот го распоредува бетонот само каде што е потребно.