Холандската влада ќе ги намали сметките за енергија за домаќинствата

85

Холандската влада ќе се обиде да ги надомести зголемените сметки за енергија за домаќинствата во просек за приближно 400 евра, објави во петокот Де Телеграф, повикувајќи се на владини извори.

Министерот за финансии Вопке Хоекстра минатата недела објави дека владата ќе преземе „неопходни мерки“ за да ги заштити потрошувачите од наглото зголемување на цените на енергијата. Се очекува владата да одвои повеќе од три милијарди евра за намалување на даноците за енергија за приближно осум милиони домаќинства во Холандија, пишува Де Телеграф.