Холанѓаните јадат најквалитетна храна, Македонија на 36-то место

24

KLM HOLLAND SERIEХоландија е прва на листата на земји со најхранлива, најразновидна и најздрава храна, пред Франција и Швајцарија, а Македонија е на 36 место, се наведува во извештајот на Oxfam, меѓународна мрежа на хуманитарни организации кои се борат против гладот во светот. Истражувањето е спроведено во 125 земји.

Во рангирањето земени се во предвид пристапот до храна и нејзиниот квалитет според цената, процентот на потхранети деца, разновидност на храната и пристап до чиста вода, како и негативните последици за здравјето како прекумерна дебелина и дијабетес.

“Холандија создаде добар пазар кој им овозможува на луѓето да имаат доволно храна. Цените се релативно ниски и стабилни, а видот на храна што ја конзумираат е урамнотежен”, вели Дебора Хардон, која ги собира податоците за истражувањето.

На првите 20 места се европски земји, со исклучок на Австралија. На четврто место е Данска, а потоа следуваат Шведска, Австрија, Белгија, Ирска, Италија, Португалија….

Македонија е на 36-то место, заедно со Бугарија, а од земјите во регионот Хрватска е рангирана на 30 место, Словенија 33, Албанија 42, БиХ 57.

На дното на листата се претежно африкански земји, заедно со Лаос, Бангладеш, Пакистан и Индија. На последното, 125-то место се наоѓа Чад.

Oxfam податоците ги собирал во периодот од октомври до декември 2013 година, користејќи ги последните информации од Светската здравствена организација, Фондацијата за храна и земјоделие, Меѓународната организација за труд и други меѓународни организации.

Целата листа погледнете ја овде.