Honda и GM планираат „поволни“ електрични автомобили

96

Honda и GM ќе ја прошират својата соработка за создавање и развој на електрични возила користејќи заедничка платформа за новите модели кои ќе излезат на пазарот во 2027 година.

Барем еден од идните модели ќе биде компактен кросовер, што не е изненадување со оглед на популарноста на овие модели на глобално ниво. Во 2027 година, лансирањето на новите модели ќе започне во Северна Америка, а потоа и на другите пазари.

Претседателката и извршен директор на GM, Мари Бара потврди дека идните заеднички модели ќе бидат „достапни“ и ќе споделуваат „технологија, дизајн и производствени стратегии“, истакнувајќи дека клучните пазари за гигантот се Северна и Јужна Америка, како и Кина.

Ова не е почеток на заедничката работа на двете компании во областа на електричните возила, туку треба да се направат повеќе чекори. Двете компании заеднички развиваат цврсти батерии за електрични возила.

Honda веќе ги објави плановите за електричен кросовер кој ќе ја користи Ultium платформата на GM, како и батерии од американската компанија. Името на моделот е Prologue и треба да излезе на почетокот на 2024 година. Верзија на овој модел ќе понуди и луксузниот бренд Honda Acura, бидејќи Prologue ќе го произведува GM.