Honda и GM заедно ќе развиваат целосно автономни електрични возила

47

Honda и General Motors потпишаа меѓусебен договор за заедничко развивање на електрични возила коишто ќе бидат целосно автономни, пренесува CNN.

Јапонскиот производител на автомобили следните 12 години ќе инвестира 2 милијарди долари во Cruise, подружницата за автономни возила на Американскиот гигант.

GM и Cruise веќе работат на изградба и развивање на самоуправувачки верзии на постоечкиот Chevrolet Bolt електричен автомобил и планираат да произведат цела флота на вакви модели за комерцијална употреба следната година.

Со финансиската помош и експертиза во инеженерството на Honda, Cruise ќе развива сосема ново возило коешто не е базирано на ниеден постоечки модел.

Јапонската инвестициска банка Softbank исто така неодамна инвестираше 2,25 милијарди долари во Cruise.