
Јапонскиот автомобилски гигант Honda Motor е подготвен да ги обнови преговорите за спојување со Nissan Motor, но под еден клучен услов – извршниот директор на Nissan, Макото Учида, да поднесе оставка.
Овие две компании, кои се на второто и третото место по продажба на автомобили во Јапонија (зад Toyota), размислуваa да формираат автомобилска групација вредна 60 милијарди долари.
Зошто пропаднаа преговорите?
Разговорите меѓу Honda и Nissan се одржаа во светло на сериозните предизвици со кои се соочува автомобилската индустрија – недостатокот на хибридни модели на американскиот пазар и зголемената конкуренција од кинеските производители.
Преговорите пропаднаа минатата недела, дополнително ја истакна неизвесноста во Нисан и зголемениот притисок врз традиционалните производители на автомобили во трката да се натпреваруваат со агресивниот раст на кинеските брендови.
Нисан и Хонда немаат коментар
На прашањето на медиумите, Nissan не сакаше да ја коментира оваа информација, додека Honda соопшти дека официјално не издала никакво соопштение во врска со преговорите.
Макото Учида под притисок
Извршниот директор Макото Учида долго време беше под притисок да го извлече Nissan од долгогодишната криза предизвикана од лошите деловни резултати и турбуленциите во управувањето. Уште во декември минатата година се појавија информации дека следните месеци ќе бидат клучни за неговиот опстанок на чело на компанијата.
Honda бараше доминација во спојувањето
Според претходните извештаи, Honda сакала Nissan да стане нејзина подружница, но раководството на Nissan не го прифатило тој услов. Изворите наведуваат и дека челниците на Nissan не покажале доволно разбирање за сериозноста на ситуацијата во која моментално се наоѓа компанијата.