Honda најави двојно повеќе инвестиции за производство на е-возила

22

Јапонскиот производител на автомобили Хонда планира да ги удвои инвестициите за производство на електрични возила до 2030 година.

Хонда најави удвојување на своите инвестиции во електрификација и софтвер до вкупно околу 10 трилиони јени (65 милијарди американски долари) до 2030 година, известува Electrive.com.

Пред две години, Honda буџетираше пет трилиони јени за тоа. Во неодамна објавената ажурирана стратегија, јапонската компанија прецизираше и дека до 2030 година во светот се планирани седум модели од новата генерација електрични автомобили од серијата О, кои ќе бидат лансирани во 2026 година.

За Кина, Honda најавува десет електрични модели до 2027 година, а за овој потфат се фокусира на новата серија возила Ye.

Од оваа автомобилска компанија најавија дека сакаат да воспостават конкурентна деловна структура со цел да се намалат вкупните производствени трошоци за приближно 35 проценти.

„Хонда веќе има позитивни изгледи да обезбеди доволно батерии за планираното производство на приближно два милиони електрични возила годишно“, се вели на веб-страницата на јапонскиот производител на автомобили.