Honda, Nissan и Mitsubishi формираат голем сојуз

79

Реномираните производители на возила Honda, Nissan и Mitsubishi потпишаа договор за асоцијација со цел да обезбедат опстанок и развој на сложениот автомобилски пазар, на кој сè повеќе доминираат електрични возила од кинеско и американско потекло, јавуваат јапонските медиуми.

Новата алијанса, врз основа на минатогодишните резултати, има потенцијал годишно да произведува околу 8,35 милиони возила, пренесува РТС.

Со поврзување на трите компании, тие имаат намера најпрво да постигнат рационализација во областа на развој на софтвер за управување со возилата и во електрификација на класичните модели со мотори со внатрешно согорување, но и да си помогнат меѓусебно да ја надополнат својата понуда во видовите возила кои досега им недостасуваа.

Honda и Nissan, вториот и третиот по големина производител на возила во Јапонија, веќе објавија во март дека имаат намера да ги здружат силите за да се соочат со зголемените предизвици на пазарот на автомобили.