Хонда очекува пад на профитот од 70 проценти

Хонда соопшти дека очекува нејзината нето добивка за тековната фискална година, која започнува во април, да падне за 70,1 проценти во однос на претходната година на 250 милијарди јени (1,52 милијарди евра), поради економската неизвесност предизвикана од зголемувањето на царините од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.

Вториот по големина јапонски производител на автомобили вели дека неговата продажба е проектирана на 20,3 трилиони јени (123,5 милијарди евра), што е намалување од 6,4 проценти во однос на претходната година, објави „Кјодо“.

Хонда изјави дека американските царини би можеле да го намалат нејзиниот оперативен профит за 650 милијарди јени (3,95 милијарди евра) во фискалната 2025 година.