Honda со нов концепт на автомобил

30

Honda ќе претстави интересен концепт на автомобил на CES саемот за потрошувачка електроника во почетокот на 2020 година.

Сè што е потребно ќе биде во сместено во интерактивен управувач. Како тоа точно ќе изгледа, сè уште не е познато, но од Honda објавија фотографија и видео од самото возило, како и некои информации за воланот и самиот кабриолет.

Кога возачот ќе седне на предното седиште, автомобилот ќе се стартува токму со помош на воланот, а со него ќе ја контролира и брзината, односно ќе додава гас со тоа што ќе го притисне управувачот нанапред, а ќе сопира со повлекување на управувачот наназад.

Овој вид на возење звучи интересно, иако е јасно дека ќе треба долго време да се навикнеме на “семоќниот“ управувач.