HondaJet – првиот авион од Honda

38

BN-IL616_HONDAJ_P_20150517154503Следното долгоочекувано возило на јапонскиот производител на автомобили Honda е последен крик на технологијата – ултра брз џет со ултра висока цена од 4,5 милиони долари, пишува Wall Street Journal.

6eef32572135ffe54fa61b2da51660d5

Компанијата го чека само финалното одобрување од Федералната администрација за авијација на САД за да започне да го продава HondaJet, бизнис авион со седум седишта.

Она по што се разликува овој џет е позицијата на моторот којшто се наоѓа над крилата, за разлика од вообичаената поставеност кај опашката. Целта на ова е да се зголеми просторот во кабината и да се намали бучавата од моторот.

honda-jet-ap-main

Се очекува џетот, којшто развива брзина од 777 километри на час, првично да биде презентиран во Швајцарија, па да следуваат останатите клучни европски пазари. Со ова Honda станува и почесен член во ексклузивниот клуб на производители на авиони.

HJ_Cockpit

HondaJet е првиот комерцијален авион од  јапонската компанија произведен од страна на својот огранок Honda Aircraft со седиште во Северна Каролина.

Авионот се очекува да биде достапен за продажба кон средината на годинава.