Хонг Конг подарува 500.000 бесплатни авионски билети

192

Владата на Хонг онг најави дека има намера да подари 500.000 бесплатни авионски карти во рамки на напорите да се оживее турзимот и повторно да се привлечат посетителите во градот, објави CNN.

Иницијативата, наречена “Hello Hong Kong”,  беше претставена во четвртокот, а на неа се работело повеќе од две години.

Бесплатните билети ќе бидат дистрибуирани меѓу трите  авиокомпании – Cathay Pacific, HK Express и Hong Kong Airlines, а 500.000 билети го чинат градот вкупно околу 254,8 милиони долари.

Патниците кои сакаат да патуваат во Хонг Конг можат да ја посетат страницата „World of Winners“ почнувајќи од 1 март за да ги внесат своите имиња во лотаријата за билети за летови.

Како што е најавено, билетите ќе се дистрибуираат во три бранови: од 1 март до луѓето низ Југоисточна Азија, од 1 април до континентална Кина и од 1 мај до жителите на остатокот од светот.

Хонг Конг почна да ги откажува јавните настани во јануари 2020 година, кога беа пријавени првите случаи на луѓе со симптоми слични на инфекцијата откриени за прв пат во Вухан, Кина.

Патувањето до и од Хонг Конг за време на пандемијата беше скапо, со строг карантин во сила, кој траеше максимум 21 ден, како и барања за повеќекратни ПЦР тестови за патниците.

Пред пандемијата, Хонг Конг го посетуваа просечно 56 милиони туристи годишно, а во 2022 година тој број падна на околу 100.000.