Хонгконг планира да додели 500.000 бесплатни авионски билети за странски патници вредни над 250 милиони долари за да го поттикне туризмот. Градот намали повеќе правила поврзани со коронавирусот во последните недели, но големите авионски компании имаат тешкотии да се вратат на нивото од пред пандемијата.
Според туристичкиот одбор на Хонгконг, кога властите ќе ги елиминираат сите рестрикции за Kовид-19 за патниците, ќе почнат со рекламни кампањи за доделување бесплатни авионски билети.
Бесплатните билети биле купени од страна на властите за да им помогнат на авионските агенции во пандемијата. Тие ќе им бидат поделени на патниците во 2023 година.
До неодамна Хонгконг имаше строги правила за влез со цел да го спречи ширењето на Kовид-19. Минатиот месец Владата на Хонгконг изјави дека повеќе нема да бара задолжителен хотелски карантин за лицата што ќе влегуваат во градот. Повеќе не се бара ниту доказ за негативен тест за Kовид-19 при влез.
Според сегашните мерки, патниците што пристигнуваат мора сами да се набљудуваат за потенцијални симптоми три дена по пристигнувањето.
Хонгконг го посетиле 184.000 патници во првите осум месеци од годината. Во 2019 година 56 милиони луѓе го посетиле градот.











